Уникатно опремениот ОК Хотел е лоциран во мирен дел на градот, на 2.8 километриод центарот на Скопје. Дизајнот на овој хотел интегрира бројни современи погодности, како што се модерен фоаје бар, снек бар, продавница за подароци и бесплатен Wi-Fi интернет. Сите соби во ОК Хотел имаат модерен и елегантен дизајн, со висококвалитетни душеци за спиење, клима уред, сеф, телевизор со рамен екран икабловски канали, фрижидер како и современа, комфорна бања.

Хотелот нуди 24 часовна услуга на рецепција, како и услуги на перење и хемиско чистење на гардероба, чување на багаж и видео надзор. Собна услуга и ланч пакети се достапни на барање на гостите.
ОК Хотел располага со сала за состаноци со капацитет од 30-45 лица. Салата е климатизирана и опремена со LCD проектор и телевизор, flip-chart табли и друга најразлична техничка опрема за одржување презентации, на барање на клиентот.

Хотелот има одлична поврзаност со трговските центри во градот, како и банките, економските и културните институции, музеите и спомениците и се наоѓа во непосредна близина на трговскиот центар City Mall. ОК Хотел располага со сопствен приватен паркинг, а за одредена цена на гостите на хотелот им е достапен и шатл превоз до аеродром.

Најблискиот ресторан се наоѓа на само 150 метриод хотелот, супермаркетите се наоѓаат на 500 метри а велнес и фитнес центар има на 1 километар оддалеченост. Хотелот има одлична конекција со трговскиот центар City Mall. Постојките на градскиот автобуски превоз се наоѓаат на 50 метри од хотелот, додека Меѓуградската автобуска станица и Железничката станица се наоѓаат на оддалеченост од 3 километри. Скопскиот аеродром се наоѓа на 20 километри од хотелот, а за одредена цена хотелот обезбедува и услуга на шатл транспорт до аеродромот.

 




Дома

Соби и апартмани

Галерија

Инфо

Контакт